Уживам додека менувам пелени- Ѓоковиќ пресреќен во улогата на татко

Пред само десет дена светскиот број еден тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го доби своето синче Стефан. Ноле менува пелени, го успива Стефан, го капе, или во превод прави сѐ што прават сите млади родители.

 

-Му ги сменив пелените неколку пати, бидејќи Јелена закрепнува од породувањето и има многу обврски околу доењето. Се обидувам да направам сѐ што можам. Го капам моето момче, менувам пелени, го успивам, тоа е најубавата работа на светот. Луѓето ми зборуваа да се подготвам, јас се чудев што е тоа толку убаво? А тогаш кога ќе го видите бебето за прв пат и кога ќе го земете во прегратка, ниедно чувство не може да се спореди со тоа. Сега имам нов извор на енергија“ – рече Новак.

Тој објасни зошто бебето го крстиле токму Стефан.

 

-Тоа е интернационално име, но исто така и традиционално име во Србија, уште од 12-тиот век. Сопругата и јас го одбравме заедно затоа што се држиме до традицијата. Сакам да влезам длабоко во филозофијата на се и сметам дека тоа е убавината и суштината на животот, на интелектуалниот свет. Сѐ да можете се да посматрате од толку различни агли, да анализирате и отидете длабоко во сржта. Прилично сме врзани за нашите српски корени, и иако Стефан се роди во Монако, тој е Србин“ – вели Ѓоковиќ.

31.10.2014 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега