Работодавачите посветуваат 6 секунди на нашето CV: Еве што прво гледаат

Нашето CV зборува за нас, кои сме, што сакаме, колку сме работеле на себе. Се на се, зборува за тоа дали сме добар кандидат за позицијата за која аплицираме.

Постојат различни начини за тоа како да се концепира едно CV, за истото да остави позитивен впечаток за нас. Сите знаеме дека тоа мора да биде кратко и јасно, да ги истакне нашите позитивни квалитети. Но, многу малку знаат дека едно исто CV не може да биде соодветно за две различни позиции.

CV-то мора да се прилагоди за позицијата за која аплицираме, што подразбира истакнување на специфичностите кои говорат дека ние сме соодветен кандидат за таа позиција, подобар од останатите.

Но има една многу позначајна тајна, која мора да ја знаеме: Менаџерите за човечки ресурси или работодавачите посветуваат само 6 секунди на нашето CV! Само 6 секунди им се доволни да видат дали вие сте соодветен кандидат за таа позиција.

Еве на што обрвнуваат внимание за време на тие 6 секунди:

1. Името

2.Работно искуство: Моменталната и претходите компании или институции во кои сте работеле како и позициите кои што сте ги имале.

3. Кога започнал и завршил вашиот работен ангажман (сегашниот, доколку сме во работен однос и претходните).

5.Образованието.

Кога сето ова би го резимирале, нашето CV треба да биде визуелно подредено, од најзначајните до помалку значајните факти. Да биде кратко и јасно и да се избегнуваат фотографии и сликички (освен во ситуации кога аплицираме за некоја работа која бара кретивност од нас).

31.10.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега