Атрактивната Марјана стана зумба инструкторка

Атрактивната лото убавица Марјана Станојковска, која во повеќе наврати досега покажа дека го обожава танцот, од неодамна стана и зумба инструкторка, пишува Вечер.

Имено, сексапилната манекенка веќе еден месец одржува часови по зумба, а пред да почне со нив била на обука, каде што добила и сертификат за работа.

Термините за часовите се секој вторник и четврток, а во нејзината група веќе има над 20 девојки кои интензивно тренираат.

Дека и лежи танцот и осмислување на кореографиите  потврди и со учество во првата сезона од шоуто „Танц со ѕвездите“, каде што победата и избега за влакно.

Освен што се занимава со зумба, Марјана веќе извесен период е дел и од водителскиот тим на Лотарија на Македонија, а тука се и манекенските ангажмани, кои ги има во изобилство.

31.10.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега