Духовито писмо на една ненаспана мајка

Сите родители знаат дека проблемот со спиењето започнува уште по раѓањето на детето и трае додека не стане навистина самостојно, без да му текне нешто што не може само да го направи, па мора да ве разбуди.

Токму затоа, сите бараат свои начини за да се справат со децата кои немаат ни претстава како тоа вам ви се спие кога нив не им се спие.

Баш тогаш кога ви фали уште тој половина час да се доспиете, нив им текнуваат стотина прашања кои не можат да чекаат и толку од одморот.

Една духовита ненаспана мајка решена да се справи со овој проблем им напишала писмо на своите деца во кое им кажува:

„Добро утро деца!

Мама и тато ова утро ќе спијат подолго. Немојте да ни тропате на врата и да нè будите пред 10 часот, освен ако не е нешто итно.

Веднаш да ви одговорам на прашањата кои ги имате:

- Може да земете житарки за појадок.

- Да, може да гледате телевизија.

-Не, не може да одите кај другарчињата.

- Не, не може да ја земете кесата со грицки, таа е за ручек. (да, баш на таа мислам)

- Може да земете портокал за ужина, Тоа значи секој да земе само по еден.

- Алексија не му се спротивставувај на брат ти.

- Лијам не биди плачко или барем не биди гласен.

Ве сакаме!

Се гледаме, не пред 10!“

Извор: Црно Бело

31.10.2014 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега