Направете природен љубовен напиток за зголемување на сексуалната моќ

За зголемување на потенцијата направете природен љубовен напиток од кој веднаш ќе ги почуствувате промените.

За почеток потребно ви се 2 лажици овес и половина шоља суво грозје. Прелијте ги со половина литар вода и оставете да зовриат. Откако ќе зовриат оставете ги на ниска температура околу 40 минути а потоа измешајте ја и процедете ја целата течност. Оставете да се излади а потоа додадете мед по вкус и повторно измешајте.
Настрана исцедете сок од 2 лимони а потоа додадете го во подготвената течност. Откако ќе биде готов ставете го во шише и чувајте го во фрижидер. Можете да го консумирате по потреба, наутро откако ќе станете и навечер пред легнување.

За зголемување на сексуалната моќ може да направите и смеса од 1 кг мед измешајте со 200 гр полен и 10 гр млеч. Измешајте ја целата содржина и земајте 2 до 3 лажици дневно по потреба.

Извор: Попара

31.10.2014 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега