За роденден добила лото ливче и освоила четири милиони долари

19- годишната Деиси Окампо се разочарала кога татко и за роденден и подарил две лото ливчиња, незнаејќи дека ќе и донесат многу среќа. Благодарение на подарокот од својот татко, Деиси освои четири милиони долари, пренесува Yahoo.

„Јас ретко играм на лотарија“ – изјави Окампо која доаѓа од Чикаго.

„Татко ми повремено купува лото ливчиња и мислел дека ќе биде забавно доколку ми купи две ливчиња за роденденот“ – вели таа.

Првото ливче се покажало како недобитно, но како што го гребела второто ливче добитната комбинација почнала да се открива.

„Не можев да поверувам“ – вели Окампо.

Сепак оваа девојка нема да дозволи парите да ја променат и планира да си ја задржи работата во продавница за облека затоа што како што вели таа нејзиното семејство е скромно и верува во работната етика. Со дел од парите планира да купи нов дом за своето семејство.

„Ќе ги поделам со татко ми за да може да купи нов дом за моето семејство, дел планирам да ги употребам за да си ги платам студиите бидејќи сакам да станам медицинска сестра“ – додава Окампо.

01.11.2014 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега