ФОТО: 2- годишно дете обожува планинарење- пропешачило 500 километри

Двегодишниот Боди Бенет обожува патувања, а со своите родители досега посетил над 40 американски држави.

Паланинарењето на Бенет воопшто не му е тешко, тој има фотографии од врвови на планини од кои има неверојатен поглед.

 

Неговите родители Шенон и Блејк го носат на излети откога се родил и секој од нив го документираат на Инстаграм, каде малиот обожавател на природата има голем број на фанови кои нестрпливо ја очекуваат секоја негова авантура.

- Кога останав бремена се плашев од големата промена по доаѓањето на детето, се плашев дека нема да можам повеќе да правам забавни работи. Сега можам да кажам дека животот благодарение на Боди ми стана многу по забавен. Тој обожува да планинари и досега има пропешачено заедно со нас над 500 километри. Боди сака да се качува и по карпи, изјавила мајката Шенон.

На критиките на друштвените мрежи дека тоа е опасно по безбедноста на нејзниот син, таа одговата дека безбедноста на Боди и е на прво место.

 

- Сите се изненадени кога ќе видат колку е мал Боди, но тој е способен за пешачење повеќе од нас и ужива на свеж воздух, изјавила мајката која чека и второ бебе.

01.11.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега