За почист воздух пратениците на работа со автобус

 

Возењето по принципот пар-непар и користењето велосипед се добри мерки,но само привремено ќе го намалат загадувањето во Скопје,сметаат пратениците. На градот му е потребно луѓето почесто да ги користат автобусите,напоменувајќи дека тоа решение долгорочно ќе го врати чистиот воздух во главниот град. Проблемот го лоцираат во тоа што едно семејство се вози и во 3 различни автомобили. Велат дека се први меѓу еднаквите кои го користат јавниот превоз,и ги повикаа сограѓаните што помасовно да ги искористат поволностите на градските автобуси.

„Во последните неколку годин градскиот превоз е многу подобрен, имаме нови автобуси кои ги набави владата, во нив е пријатно да се возите, климатизирани се, доаѓаат на време и мислам дека треба камапња за користење на градскиот превоз. Ако излеземе наутро и ако погледнеме во возилата ќе видиме дека се вози само еден човек.“ - Др. Антон Чибишев - пратеник

„Препорачуваме што е можно повеќе да се костисти јавниот превоз. Ние ситесе трудиме што е можно повеќе да користиме јавен превоз.“ - вели Лилјана Поповска, пратеник во македонското Собрание.

Поттик ќе биде и збогатувањето на автобускиот возен парк,со што автобусите ќе бидат подостапни за граѓаните.

Како дополнително трајно решение го наведуваат и озеленувањето на градските површини,како и почитувањето на еколошките закони кроени по европски терк. 

Препорачуваме што е можно повеќе да се костисти јавниот превоз. Ние ситесе трудиме што е можно повеќе да користиме јавен превоз.

 

 

01.11.2014 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега