Писмо до мажите кои мислат дека свиркањето на улица е додворување

Драги мажи,

Најпрво би сакала да појаснам неколку работи во врска со жените кои морате да ги разберете. Ние не се будиме секое утро со мислејќи како да ве импресионираме, ниту пак се облекуваме со цел да ве заведеме. Не носиме тесни фармерки и кратки здолништа за вас, ниту пак облекуваме летни фустанчиња заради вашите очи.

Ние ги носиме овие парчиња облека единствено заради себе, а не заради мислењето на некој „идиот” на улица.

Не знам зошто воопшто мислите дека како мажи ја имате таа привилегија да го коментирате нашето тело. Немате никакво право и ако мислите дека со вашите зборови ни давате комплимент, грешите. Во тие моменти сте ни само одбивни.

Нас нè ставате во „истиот кош” со предмети, кои немаат чувства и емоции.

„Добро утро убавице”, „Женска”, „Срцка”, свиркањето и довикувањето на разни зборови е еден вид на вербално насилство. Можеби вака ви звучи конфузно, но размислете - тоа не го правите заради нас, туку заради себе.

Вие не сакате да го разубавите нашиот ден и да го направите подобар, туку се обидувате да добиете некоја бенефиција од нас. Вашето дофрлување е себично и е игра на моќ, која сметате дека ја имате, иако не ја гледате како таква.

Дали некогаш во историјата на светот некој маж успеал да изведе девојка на состанок со тоа што и свиркал на улица? Дали некогаш некоја жена излегла со маж, само затоа што на улица и рекол дека има совршен задник?

Одговорот е не, а дали знаете зошто? Бидејќи уличното свиркање нема никаква врска со додворување.

Ова не е мислење, туку е факт, а за факти не се води дебата ниту расправа.”

Извор: Црно Бело

02.11.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега