ВИДЕО: Охриѓанка ги тепа ќерките со праз и ги тера да прават ајвар

Охриѓанката Клаудија Арсенова  се појави во спотот на турскиото дуо „Румели Орхан и Кемал“ , кој е вистински хит во Турција. Спотот е сниман во септември во Охрид, а во него Клаудија игра улога на мајка која премногу внимава на своите ќерки.

 

Таа оди низ чаршијата и ги прибира дома, па дури и ги тепа мавајќи ги со праз.

 

Потоа во спотот мајката успева да ги врати ќерките во домот и тие да прават ајвар, но немирниот дух на младите девојки повторно преовладува и тие бегаат на средба со момците кај охридското пристаниште.

На крај мајката си ги зема ќерките, а момците на интересен начин заминуваат сами.

 

Спотот привлече огромно внимание по социјалните мрежи меѓу охриѓани.

02.11.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега