Синот е најголемата гордост на таткото

Таткото се враќа од работа и го гледа својот шестгодишен син застанат пред влезната врата, се поздравиле и малиот рекол:

- Тато, смеам ли да те прашам нешто?

- Да, секако, кажи...- рекол таткото.

- Тато, а ти колку заработуваш на час?

- А, што тебе те интересира тоа - дури налутено рекол таткото.

- Само сакав да знам, те молам тато, одговори ми!

Откако таткото конечно му кажал на синот дека заработува 50 долари на час, малечкиот ја спуштил тажно главата.

Но, пак го погледнал татко му и прашал:

- Тато, те молам, можеш ли да ми позајмиш 25 долари?

Татко му веќе бесен, почнал да вика дека ако таа била причината што го чека пред врата, треба да се засрами, да бара пари за неговите детски глупости, зар тој работи напорно секој ден за детски лудории и играчки....

Го испратил синот право во соба и му рекол да размисли малку за неговото себично однесување. Момчето тивко, без збор заминало во собата. Таткото продолжил налутено да коментира и да се чуди на денешните деца.

По некое време, се качил во соба и прашал, сега веќе посмирено:

- Да не заспа сине?

- Не тато, буден сум... - одговорило момчето.

- Извини, можеби бев престрог кон тебе.

- За што конкретно ти требаа тие 25 долари?

Не е важно, еве земи! - и му ги подал парите на детето.

- Многу ти благодарам тато!

- Пресреќен извикал синот и со раката извадил купче згужвани банкноти од под перницата. Сега веќе татко му пак се налутил зошто бара пари кога веќе има и повеќе од доволно за толку мало дете.

- Не, немав доволно тато! - рекол синот.

Сега имам точно 50 долари.

Може ли да купам еден час од твоето време, тато?

Те молам, дојди си утре порано, сакам да вечераме заедно!

 

 

02.11.2014 - 23:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега