ВИДЕО: Последното појавување на Пол Вокер - излезе трејлерот за „Furious 7“

Излезе првиот трејлер за седмото продолжение од „Fast and Furious“, кој одамна беше преименуван едноставно во Furious 7.

Дејството во седмиот дел продолжува онаму каде што застана неговиот претходник.

По неколкуте години поминати во бегство Торето и неговото семејство конечно се враќаат во Америка, каде што се предизвикани од нивниот нов непријател Иан Шоу, кој на крајот од шестиот дел го уби Хан.

Филмот кој својата премиера ќе ја има на 3-ти април 2015-та е режиран од Џејмс Ван.

“Furious 7″ е последното појавување на филмското платно на актерот Пол Вокер кој во ноември минатата година почина во сообраќајна несреќа.

 

03.11.2014 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега