Ламбе ќе стане татко

Пејачот и неговата избраничка се заедно неколку години, а во брак се од лани. Тие многу наскоро го очекуваат своето прво дете, пишува Вечер.

Ламбе Алабакоски наскоро ќе стане татко. Неговата сопруга Магдалена веќе е влезена во деветтиот месец од бременоста и ситно се бројат деновиве до нејзиното породување. Двојката чека син.

Како што пишува Вечер, пејачот и неговата избраничка се заедно неколку години, а во брак се од лани. Веднаш по свадбата заминаа на неколку месеци во Америка, каде живее и семејството на Магдалена, која по потекло е битолчанка.

Во моментов живеат во семејната куќа на Ламбе, во Љубојно.

Последно нешто што го слушнавме од него на музички план беше песната "Дојди ми" за која сними и видео запис.

03.11.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега