Бен Афлек беше единствениот маж кој ми го скрши срцето- се отвори Џеј Ло

Светски познатата латино ѕвезда Џенифер Лопез призна дека Бен Афлек е единствениот маж кој и го скршил срцето. Џеј Ло само неколку месеци по раскинувањетосо актерот во 2004 година, се омажи за колегата Марк Антони со кој има близнаци, Џеј Ло не крие дека љубовта со холивудскиот актер оставила силен печат на нејзиното срце.

Тоа беше прво раскинување заради кое патев – раскажа во едно интервју Џенифер – Брзо се вљубувам и паѓам под влијание на љубовта, иако знам дека тоа не е секогаш добро. На почетокот се беше супер, но тогаш сфаќаш дека нема шанса долго да опстане и да прерасне во нешто посериозно.

03.11.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега