За 70 години од ослободувањето на Скопје ќе се поставува споменик на Мајкл Џексон во ГТЦ?

На 70 години од ослободувањето на градот Скопје, 13 ноември 2014 година, ќе биде поставен споменик на еден херој, докажана поп-ѕвезда со иницијали М.Џ, пишува Вечер. Весникот не открива за која ѕвезда станува збор но на сликата која ја има објавено може да се види ликот на Мајкл Џексон. 

Според Вечер, споменикот со димензии 14 метри, постамент 8 метри ќе биде поставен во ГТЦ. Истиот е авторско дело на Д.Л. и е изработен во Србија и доработен во Македонија.  Цената на изработката на споменикот ги чинела авторите близу 900.000 евра.

Од Град Скопје велат дека немат информација дека ќе се поставува таков споменик. Од таму додаваат дека во планот и програмата за прослава на јубилејот од ослободувањето на главниот град не се планира поставување на споменик.

03.11.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега