ВИДЕО: Забава во економското училиште во Скопје- нема да верувате што направи овој ученик

На 28-ми октомври во средното економско училиште Васил Антевски - Дрен во Кисела Вода, Скопје, се одржа приредба по повод патрониот празник на училиштето.

Како исекоја година вообичаено се изведуваа разни настапи на учениците со свои творби кои се беа собрале во аулата на училиштето. Кога заврши целата приредбата преку звучниците беше пуштена забавна музика, за мало расположение на присутните, но во тој миг се случи нешто неочекувано, истрча еден ученик и почна жестоко добро да танцува што сите помислуваат дека се работи за дел од приредбата и сите остануваат да го гледаат.

Во суштина дечкото само сакал да поигра  пред да замина на час но го понесува и музиката и публиката која одушевено го следи и дава извонреден перформанс.

По овој навистина извонредниот настап и кореографија која била потполна импровизација, профеосрите и учениците го наградуваат со громогласен аплауз.

 

03.11.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега