Љубовта понекогаш многу болеше - Емина открива детали од приватниот живот

Познатата пејачка Емина Јаховиќ - Сандал во едно интервју за српските медиуми открива детали за нејзиниот приватен живот. Таа открива  како од десетгодишната љубов научиле да ја надминуваат љубомората.

- Секако дека во љубовта не бев секогаш среќна. Денес сум во сложен брак, но со Мустафа имавме и период на разделеност. Патев, се случуваше со ноќи да не спијам, открива Емина

Таа открива која песна ја посветила на својот сопруг Мустафа Сандал 

- Мустафа е љубовта на мојот живот и единствениот маж без кој не можев да си ја замислам иднината. За тоа говори мојата нова песна „Не плаши се“.

Исто така Емина во интервјуто открива дека тие двајца биле на еден период разделени

- Под товар од негативни емоции раскинавме во 2006 година. Од моја перспектива тоа не беше моментална кавга, туку конечна разделба. Патев, но љубомората го правеше своето. Неговата кариера во тој период ескалираше. Не можев да се контролирам знаејќи дека толку многу убави девојки го посакуваат и буквално прогонуваат. Ништо помалку љубоморен не беше ниту Мустафа. Дино Мерлин во една песна вели: „Само една искра е доволна или се да пламне или се да блесне.“ Нам за жал ни се случи експлозија.

03.11.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега