Весна Петрушевска откри што мисли за Елена Ристеска- еве што напиша на Фејсбук

Македонската актерка Весна Петрушевска и дава безрезервна поддршка на нашата претставничка во ТЛЗП Елена Ристеска Ивановска.

Вчеравечер Елена имаше уште еден одличен настап во шоуто „Твоето лице звучи познато“. Во улогата на Кристина Агилера таа ги освои симпатиите на жирито.

Погледнете што напиша актерката Весна Петрушевска за неа.

-Елена Ристеска Ивановска е една од ретките артисти на оваа наша сцена која ќе побара совет и сака да работи, а притоа да заборави на его и суетност. Ти благодарам на твоето внимание бејб, но ти и јас знаеме колку е убава соработката на Скајп и успехот кој секој ден го доживуваш во ТЛЗП. Со твојата посветеност веќе ја освојуваш публиката и тоа се гледа.

Те сакам и оваа приказна продолжува. За сите сезнајковци, душогрижници и озборувачи само едно: Дајте си себеси пет минути и направете го она што треба да се сработи како задача на ТЛЗП, па после ќе разговараме. Напред девојко, те сакам!

 

03.11.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега