Се надевам дека двајцата сте среќни- писмо до жената на мојот поранешен љубовник

Ако некогаш сте се нашле во улогата на љубовница сигурно ова е писмото кое сте сакале да го напишете.

„Денес помислив да го пребарам твоето име на интернет. Понекогаш чувствувам потреба да се навраќам во минатото без разлика на тоа колку може да биде болно.

Не се работи за тоа дека сум несреќна, напротив. По неколку тешки години конечно се чувствувам сигурно и сакано.

Сепак, не можам да престанам да ги гледам вашите заеднички фотографии, па дури и оние од вашето куче за кое еднаш тој ми кажа дека го сакаш повеќе од него.

Прилично ме изненади тоа што останавте заедно, што успеа да преминеш преку неговото неверство.

Тој ми велеше да бидам трпелива, бидејќи се плашеше од тебе дека ќе му ги одземеш децата или финансиите. Беше сигурен дека еден ден ќе заврши сè.

Оној ден кога ми се јави на телефон, му реков дека најлошото нешто што може да го направи е да продолжи да лаже, бидејќи така ја навредува твојата интелигенција. Ме молеше да не ти одговорам на повикот.

Понекогаш само сакав да го казнам што ти го пренел моето мислење за работите. Сакав да ти докажам дека нашата врска беше многу повеќе од афера која траеше 16 месеци, сакав да ти испратам фотографии и да ти покажам колку ме сака.

Се чувствував целосно скршено кога на крајот те одбра тебе, наместо мене.

Овие години повремено контактирав со него, до неодамна проверуваше како сум. По некое време престана да се јавува.

Не сакам да се враќам наназад, а верувам ни ти. Никогаш нема да знам како сте се договориле и како сте ги надминале проблемите, ниту дали навистина сте среќни.

Сега само можам да кажам, искрено се надевам дека двајцата сте добри“.

Извор: Црно Бело

03.11.2014 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега