Гарет: Процесот на приближување на Македонија кон ЕУ ќе продолжи

 

Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет е убеден дека ќе продолжи процесот на приближување на Македонија кон Европската унија.

- Сега има нова Европска комисија, нови членови кои се во целост квалификувани и посветени кон задачата и затоа верувам дека процесот на приближување на Македонија ќе продолжи, изјави денес Гарет.

Забрзувањето на процесот на евроинтеграција, како што наведе, може да се случи само врз основа на забрзувањето на реформите во Македонија. Што побрзо ќе се спроведат тие реформи, толку побрзо и Македонија ќе се доближи до Европската унија, вели Гарет.

- Како британски амбасадор се надевам дека двата процеса кои се од исклучителна важност за Република Македонија ќе се одвиваат што е можно побрзо, изјави Гарет.

03.11.2014 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега