Суспендирани секретарот и благајнкот на Гимназијата во Делчево
Секретарот и благајникот на Средното општинско училиште „Методи Митевски - Брицо“ од Делчево од денеска се отстранети од работните места.
Суспендирањето е извршено со налог од в.д. директорката Билјана Петровска, а за тоа е известен градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански и другите надлежни органи и институции.
- Неможноста да се подели платата на вработените за септември поради проблеми создадени пред моето именување за вршителка на должноста директор, односно поради отпорот на благајникот и секретарот да ги применат коефициентите за пресметка на плата утврдени од СОНК и Министерството за образование и наука, се причина за нивното суспендирање, изјави Петровска за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа