Зошто секоја жена треба да научи да готви

Зна­еме дека оваа тема звучи некако заста­рено во 21-от век, но сепак и пона­таму е акту­е­лна и инте­ре­сна. Денес, во време кога девој­ките и мла­дите жени изра­снаа со „Космо­по­ли­тен“ и „Сек­сот и гра­дот“, веро­јатно ќе си речете „ма какво готвење. Тоа не е за мене.“ Ние се потру­дивме да изнај­деме неко­лку при­чини зошто секоја жена би тре­бало да знае да готви.

Готве­њето е секси
Што и да поми­слите на ова, имајте пред­вид дека сли­ката на жена во кујна која готви е неве­ро­јатно секси за пове­ќето мажи. Секо­гаш поу­баво ќе звучи: „Злато, дојди си дома, ти зго­твив нешто што сакаш“, отко­лку „Злато, ај купи нешто за јадење пред да дојдеш“.

Готве­њето ве прави убави и здрави
Доко­лку готвите дома, многу повеќе ќе вни­ма­вате на про­дук­тите и јаде­њата кои ги при­го­тву­вате. На тој начин, ќе си напра­вите услуга самата на себе. Поради поздра­вата исхрана ќе изгле­дате убаво, заво­дливо, испо­лнето, без под­оч­ници, со сјајна коса.

Ќе ви биде поле­сно кога ќе ста­нете мајка
Без оглед на која возраст, пове­ќето жени одлу­чу­ваат да ста­нат мајки. Сите истра­жу­вања пока­жу­ваат дека инду­стри­ски про­и­зве­де­ната храна е многу лоша по здра­вјето на беби­њата. Со оглед дека здра­вјето на вашето дете е на прво место, сигурно ќе се потру­дите да готвите за него.

Може да ви се допадне
Про­фе­си­о­на­лните готвачи велат дека готве­њето е ком­би­на­ција од зна­ење и умет­ност. Со помош на готве­њето може да се осло­бо­дите од стре­сот и да ја пуштите вашата има­ги­на­ција и кре­а­тив­ност сло­бодно да летаат низ куј­ната. Оби­дете се. Можеби нави­стина ќе ви се допадне. 

04.11.2014 - 00:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега