Имам пријател за секс- се отвори македонската пејачка Адријана Кеш

Досега неколку пати  Адријана Кеш има изјавено дека најголема љубов и е музиката и поради тоа е сингл, но таа во интервју за весникот Вечер вели дека можеби нема сериозен дечко до себе, но затоа има "лајт комбинација". 

Адријана Кеш, вели дека периодов е посветена на кариерата и напорно работи на нов материјал, кој планира да го објави до крајот на годинава. Имено станува збор за два нови сингла и спотови, кои како и се досега што сме слушнале од неа повторно ќе бидат со провокативни текстови.
- Работам интензивно во студио и спремам нови песни. Верувам дека ќе станат хитови, затоа што мене лично многу ми се допаѓаат. Се опоравив од операцијата и повторно стартував со настапи и веќе сум пребукирана", откри Адријана.

Адријана не се појави наваландовскиот фестивал, а причина за тоа како што вели било незадоволството од организацијата и начинот на наградување, кој и пречел.

-Не сакав да пеам на фестивалот. Мразам местенки и не сакам такви работи. Не можам да кажам дека некој од наградените потплатил за да добие нешто, но тие работи така одат кај нас, па поради тоа не ја исклучувам таа можност. Ќе си работам настрана и ќе си печалам од свирки. Нема потреба од местење награди", вели фолкерката.

И покрај тоа што повеќепати досега има изјавено дека најголема љубов и е музиката и поради тоа е сингл, Адријана вели дека можеби нема сериозен дечко до себе, но затоа има "лајт комбинација", што според неа е нормално и логично.

-Потреба си е потреба. Нема жена која нема пријател со бенефиции, па така и јас. Нормално е да се гледаш со некој, не можеш цело време да бидеш сам", додаде прилепчанката.

04.11.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега