Карлеуша направила скандал на аеродром- им се заканувала на вработените

Во српските медиуми осамна веста дека дивата Јелена Карлеуша направила вистински скандал на аеродромот „Никола Тесла“, кога летала за Швајцарија викендов на настап.

Наводно Јелена сакала да ја чекира картата од економска класа на шалтерот за бизнис класата и направила проблем кога вработената ги повикала луѓето со бизнис картите и златните карти на шалтерот пред неа.

 

Во официјалната забелешка на аеродромот стои дека Јелена Карлеуша им се заканувала на вработените со отказ, но нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ сето тоа го демантирал.

 

 

-Бев со Јелена кога најнормално си ја чекираше картата, немаше никакви проблеми“, изјавил тој.

04.11.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега