Нови „лежечки полицајци“ во Крива Паланка
Локалната самоуправа на Крива Паланка постави нови сообраќајни вештачки препреки на главната улица „Свети Јоаким Осоговски“ за принудно намалување на брзината на возилата на критични и фрекфентни места, кои се потенцијална опасност за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Новите сообраќајни вештачки препреки се поставени кај централната зграда на ООУ„Јоаким Крчовски“ и кај училишната зграда позната како „Партизан“. И двете локации се наоѓаат во централното градско подрачје, кое е најфрекфентно и најоптоварено со возила и пешаци.
Градбите се поставени во согласност со сообраќајниот елаборат за хоризонтална и вертикална сигнализација на територијата на општина Крива Паланка и со нивната изградба се очекува да се зголеми безбедноста во сообраќајот во градот.
Изведувач на работите е градежната фирма „Лабино трејд “ од Гостивар.
„Лежечки полицајци“ има и на повеќе други локации на главната улица, како пред Детската градинка „Детелинка“, пред Здравствениот дом „Академик проф. д-р Димитар Арсов“ и други критични места на кои се регистрирани сообраќајни несреќи најчесто со жртви, токму поради неприлагодената брзина на возење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа