ФОТО: Синот на Бекамови главна ѕвезда во модна кампања

Кристофер Бејли, креативниот директор на „Burberry“ е одушевен бидејќи повторно ќе соработува со синот на Дејвид и Викторија Бекам.

Станува збор за Ромео Бекам за кој велат дека е многу талентирано момче.

 

Минатата година ја сними првата модна кампања за „Burberry“, а оваа годинаја продолжува соработката со овој британски моден бренд.

- Со оваа кампања го славиме се она што го сакаме од „Burberry“ па така и работата со талентирани луѓе. И овојпат се одлучивме да соработуваме со Ромео бидејќи тој има шарм, стил и голема елеганција. Одушевен сум што тој ќе биде ѕвезда на нашата свечена кампања, изјави Бејли.

 

12 годишниот Ромео Бекам е ѕвезда во нивната божиќна кампања „From London With Love“. Покрај тоа што позираше за низа фотографии, Ромео глумеше и во краток филм.

04.11.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега