Баба Неда направи скандал во шоуто ТЛЗП

Познатата фолкерка  Неда Украден, направила скандал за време на снимањето на шоуто „Твоето лице звучи познатo“, откако на тастерот повторно извлекла маж за имитација. Незадоволна од тоа што нема да биде жена, започнала да се расправа со продукцијата дека некој намерно и ги мести машките улоги.

-На Неда не и беше драго кога го доби првиот машки лик, но некако ја проголта кнедлата. Потоа следеше ладен туш кога ја доби имитацијата на Бора Чорба. Иако негодуваше во гардеробата и пред продукцијата, преостанатите колеги ја тешеа велејќи и дека е уметник и дека ќе го изведе тоа како што треба. Сепак, кога и за следната емисија доби маж за имитација, пејачката одвај се воздржи да не направи хаос! Мислам дека се воздржа поради публиката за да не направи скандал, вели извор од продукцијата на проектот

Како што наведува изворот,  пејачката плачела и им се жалела на преостанатите натпреварувачи дека некој намерно и ги мести имитациите на мажи бидејќи знае дека тоа ја нервира.

-Што ми требаше ова! Кој ѓавол ме натера да го прифатам ова и да дозволам секој да ме гази и нервира, наводно рекла Украден.

 

04.11.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега