ТЛЗП: Во следната епизода Елена и останатите во улога на...

Во неделата имавме можност да ја проследиме четвртата епизода од се попопуларното шоу „Твоето лице звучи познато“ каде нашата Елена блесна како Кристина Агилера.

 

Во следната емисија ќе имаме можност да ја видиме како ја имитира латино американката Џенифер Лопез.

 

Јелена Гавриловиќ доби улога да ја имитира српска фолк пејачка Весна Змијанац, Тања Савиќ доби слична задача, и тоа да ја имитира фолкерката Драгана Мирковиќ. Кеба ќе се преобрази во Блуз Брадрс, Чипи во Ален Исламовиќ, а Иван во Бајага.

Неда Украден ќе влезе во ликот на Бора Чорба, малата Катарина ќе го имитира Псај, а Бане „Металика“.

 

И следната недела ќе имаме можност да гледаме десет нови и одлични имитации.

04.11.2014 - 13:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега