Заев: Нема враќање во Собранието

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по денешната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и лидерот на НСДП Тито Петковски, изјави дека ги потврдиле ставовите дека опозицијата не се враќа во Парламенотот.

- Доколку власта смета дека може да отпочне преговори, ќе се разговара за петте теми: за медиумите, за разграничување на партијата од државата, за пописот, за изборното законодавство и избирачкиот список и формирање на техничка влада, изјави Заев по средбата.

Нивната стратегија за имплементација на четирите столбови, според него е во тек.

- Новина е тоа што од утре почнуваме со трибини во 16 града во Македонија, и на нив ќе отворат дебата со граѓаните за актуелните политички случувања. Дебатите почнуваат од утре во Битола, рече Заев

04.11.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа