Ќе ги сруши ли вечерва Роналдо Ливерпул и Раул?

Кралскиот клуб Реал Мадрид вечерва во рамките од четвртото коло во групната фаза во ЛШ ќе брка втора победа по триумфот на Енфилд. За најдобриот играч Роналдо ова ќе биде шанса да влезат во историјата на елитното натпреварување. 

Португалецот во моментов има 70 голови во Лигата на шампионите и му недостасува само еден за да го сруши рекордот на легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес кој има 71 погодок.

Победа на екипата на Карло Анчелоти ќе значи сигурен пласман во следната фаза, додека на очајниот Ливерпул во ЛШ оваа сезона ќе му остане само надеж со некакво изненадување и освојување на бодови да стигне до второто место.

-Воодушевен сум што сум на чекор до рекордот на Раул Гонзалес. Тоа е голема работа за мене и за клубот и нема подобра можност од вечерашниот меч да го надминам тој рекорд. Раул е мој херој и со него фудбалски созревав. Ќе биде ова посебен меч, но сепак нема да биде лесно со оглед на тоа дека Ливерпул е една одлична екипа. Сепак, нашата форма ни гарантира успех, изјави Роналдо.

Од друга страна, пак, Ливерпул мора да освои барем бод во Мадрид за да избегне пад на дното на табелата и уште сега да биде елиминиран. Со оглед на формата на Реал, на избраниците на Брендан Роџерс нема да им биде лесно да останат непоразени и да ја сочуваат својата мрежа бидејќи „Кралевите“ на 14 натпревари во новата сезона во сите конкуренции постигнаа неверојатни 51 гол.

04.11.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега