Старлетата Сораја ја измислила врската со Нејмар

Сите медиуми ширум светот ја објавија веста дека Сораја е во врска со фудбалерот на Барселона Нејмар. „Мундо Депортиво“ наведуваат дека српската старлета ги искористила фотографиите на кои случајно се сликала во Нејмар пред неколку месеци на Ибица за да ја поткрепи целата приказна.

Сораја во моментов се наоѓа во Барселона каде со својата пријателка од Хрватска Тина Шегетин ја поминала Ноќта на вештерките. Таа секој ден на социјалните мрежи закачува слики од Барселона и на тој начин ја поткрепува својата приказна за наводната врска со фудбалерот.

Таа често оди и по клубовите во каталонската престолнина и се слика со нивните обележја и на тој начин ја поврзуваат со Нејмар и ФК „Барселона“.

Весникот наведува дека Сораја отишла до таму што во авион се сликала со дресот на Нејмар на себе тврдејќи дека славниот фудбалер пратил авион по неа.

Оваа вест била објавена во сите светски медиуми, а Нејмар на социјалните мрежи иронично напишал: „Дали вие пробувате да ми ја наместите оваа девојка? Хахаха…“

Каталонскиот весник понатаму додава дека Сораја е балканската верзија на американската старлета Ким Кардашиан поради своите облини.

Се наведува дека во Србија таа веќе неколку пати била поврзувана со луѓе од светот на фудбалот.

04.11.2014 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега