ФОТО: Нејзината фотографија од дипломирањето го освои светот

Џеки Шарки дипломираше на универзитетот "Sunshine Coast" во Австралија, а нејзината фотографија од свеченоста го освои светот.

Освен радоста од добивањето диплома, таа со пријателите на Фејсбук споделила уште една фотографија со која се гордее – како го дои нејзиното дете.

-Само сакав да ја споделам оваа фотографија на која многу се гордеам. Бескрајно сум горда што со поддршка од мојот универзитет, додека студирав успеав да израснам две бебиња и сепак да си земам диплома, пишува Џеки.

Среќната мајка вака му се заблагодари и на својот универзитет, а сликата досега има над 160.000 лајкови и споделена е речиси 5.000 пати.

 

 

 

 

 

04.11.2014 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега