Совет до сите мажи: Жената мора да оди во шопинг најмалку еднаш месечно и тоа со вашата кредитна картичка

Жени и шопинг. Колку убаво звучи. Но, да постои 11 божја заповед веројатно би гласела: „Не оди со жена ти во шопинг“

Секоја нормална машка личност знае што значи да се оди со девојка или жена во шопинг...

Се би било некако во ред, но мажите не знаат дека секогаш се наседнати затао што со неа секогаш оди и нејзината пријателка. Тогаш тие двете ќе го наговорат да ги одвезе до трговскиот центар и малку со нив да прошета по продавниците, затоа што тие двете  „нема долго да се задржат, само малку ќе разгледаат“

Тоа „само малку“ обично се протегнува од 10 наутро до 5 попладне.

Нема излози кои тие двете нема да ги поминат затоа што двете би се сложиле дека е грев да прескокнат некој излог.

Ако по некоја случајност се случи дечкото да ги изгуби, сигурно ќе ги најде во продавницата за чевли. Иако дома има 64 парови чевли баш тие кафеавите во првиот ред се парче кое не смее дасе пропушти.

Пријателката е онаа која ќе ја наговори дека на третиот кат има многу подобри чевли, а потоа двете ќе ве соберат и ќе ве качат таму.

Тогаш пријателката ќе сфати дека згрешила и дека тие чевли се на втори кат, а потоа назад.

Се разбира, машкото цело време ќе ги влече ќесињата на двете девојки.

Затоа, послушајте го советот. Добриот маж треба само да и ја даде кредитната картичка на својата жена и данајде добра кафеана во близина на трговскиот и некој пријател. И вака и онака, картичкаа ќе ви остане на нула, па тогаш, зошто да го поминувате тој неколкучасвен стрес низ бутиците. Ај што нема ништо за да си купите, ај што ништо и не ви се купува, па уште ќе треба да и кажувате, дали убаво и стои.

Но не заборавајте. За жената шопингот е како терапија. Ако не и дадете барем еднаш месечно  да направи добар шопинг, ќе си имате сериозни проблеми. Ни фудбал со другарите, ни кафе со колегите. Ништо без добар шопинг.

05.11.2014 - 00:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега