Командантот на Република Илирида со оружје се слика на Фејсбук

 

Во моментов на Фејсбук има неколку страници за "Голема Албанија", администрирани од лица од Македонија.

„Една нација, еден јазик, едно знаме“ е повикот упатен до сите Албанци да им се приклучат на групите со големоалбански идеи, пишува Телеграф.мк

Таква страница е „Republika Ilirida“ во која Македонија се нарекува „земја на албанскиот јазик, каде што младите и старите се малтретирани“. Посетителите тврдат дека во земјава сѐ е политика и дека никој не се грижи за „автохтоните“, како што се нарекуваат поддржувачите на проектот за „Голема Албанија“. Освен од Македонија, на ваквите страници членуваат и лица од Косово и од Албанија.

„Соседите влегоа во обележје и сто години нѐ оставија надвор од куќата. Нѐ принудија да ги користиме пушките и да кажуваат дека претпочитаме борба“, стои во коментарите на страницата.

На страната на групата има поставено многу фотографии со навредлива содржина за Македонците, и карти од "Голема Албанија", која опфаќа територии на Македонија, Црна Гора, Србија и на Грција.

„За Република Илирида“ ги повикување Албанците во што поголем број да дојдат на плоштадот „Скендер-бег“  каде што пред два месеци Невзат Халили прогласи независна „Илирида“ и бараше од македонските власти да ја прифатат реалноста за постоењето на новата република.

Последен случај каде што токму преку социјалните мрежи се рашири веста за активностите на приврзаниците на Голема Албанија беше за т.н. гарда на Република Илирида која наводно почнала да патролира низ сите места каде што живеат Албанци. Зад оваа гарда стои извесен Хамди Ндрецај, кој се нарекува Пантери. На неговата фејсбук-страница тој гордо позира со оружје во друштво со неговите „колеги“ од УЧК. Пантери потекнува од Германија, а во моментот живее во Урошевац.

Според политичкиот аналитичар Сефер Тахири, социјалните мрежи имаат голема улога во промовирањето и афирмирањето на етнонационалистички идеи и погледи. Според него, мрежите можат да се злоупотребат и за потикнување на нетрпеливоста и меѓуетничката недоверба како што беше случајот на Кале и на фудбалските натпревари.

- Тогаш младите преку Фејсбук се организираа за да манифестираат етнички триумфализам кон „другиот“. За „Република Илирида“ сметам дека поддршката е само декларативна, не толку масовна и манифестирана преку интернет-комуникацијата. Не треба да се создава никаков страв кај граѓаните бидејќи Албанците го немаат артикулирано како политичка и етничка идеја создавањето на „Илирида“ – објаснува Тахири.

05.11.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега