ФОТО: Џенет Џексон по подолга пауза се појави во јавноста

Џенет Џексон во јавност се нема појавено повеќе од една година.

Овој петок таа се појави на модно случување на „Воуг“ во Дубаи, каде привлече големо внимание, благодарение на новиот изглед.

Снимена е на црвениот тепих, каде била опкружена со телохранители, облечена во долг црн фустан, додека косата и била собрана во висока коњска опашка. Изгледот на 48-годишната убава жена, предизвика многу коментари на социјалните мрежи, каде се говори за нејзините направени дополнителни пластични операции, но се коментираа исто така и за нејзините килограми.

Сепак не и успеа да ја стави во сенка физичката трансформација на Рене Зелвигер, но сепак треба да се признае, дека изгледа многу поинаку од февруари оваа година.

05.11.2014 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега