Со што може да се соочи Металург за ваквиот неславен потег во Сеха лигата

Ова што го изведоа ракомтератите на Металург за прв пат се случува откако е формирана регионалната СЕХА лига. Тие не отпатуваа на гостувањето во Загреб, и со тоа стана тим кој го запиша овој лош историски податок. Ваквата несакана ситуација настана поради внатрешните проблеми меѓу ракометарите на тимот од Автокоманда кои одбија да отпатуваат во Загреб каде денеска требаше да го одиграат мечот во рамките од СЕХА лигата. 

Тие испратија соопштенија во кое како директен виновник посочија со прстите кон тренерот Лино Червар. 

Но ваквата реакција нема да остане неказнета. 

Пропозициите налагаат да овој меч Металург го загуби со 10:0 и да му биде одземен и еден бод. Дополнително ќе треба да плати и парична казна, но можно е да биде покрената дополнителна истрага, па според причините поради кои Металург не отпатува во Загреб, ќе се донесе дополнителна одлука за тоа дали нашиот тим ќе ги плати сите трошоци за организација на овој натпревар.

Казна за раководството на Металург ќе има и поради нарушувањето на угледот на СЕХА лигата, што секако е наведено во пропозициите на Регионалната лига.

Сите пропозиции на СЕХА лигата можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

05.11.2014 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега