Тодоров: Приоритетен статус за пациентите со малигни заболувања

 

 

Новите измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита, кој денес ги презентираше министерот Никола Тодоров, предвидуваат приоритет за пациентите болни од малигни заболувања.

-Здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања кој опфаќа дијагностицирање и лекување на малигните болести, предвидено е да се врши согласно со клиничка патека со која особено се утврдува добивање на приоритетен статус на пациентите болни од малигни заболувања во давањето на здравствени услуги, да се определи максималното време на чекање за оваа група пациенти (време подолго од кое не смеат да чекаат), истакна Тодоров.

Новата законска измена, потенцираше Тодоров претставува надградба на овој концепт во насока на заокружување на овој сегмент од здравствениот систем.

05.11.2014 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега