Љубе Бошкоски направи нов циркус во судницата

 

Наместо завршни зборови, екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски побара изземање на судијата Илија Трпков кој го води случајот „Ровер“ и негово психијатриско судско вештачење, со коешто ќе се утврдело дали тој може да го води процесот.

Бошковски и денес не се воздржа и повторно беше отстранет од судницата. Смета дека судијата бил пристрасен и мотивиран од страв. Претседателот на Скопска единица го одби барањето на обвинетиот Љубе Бошкоски како неосновано за изземање на  судијата и членовите на судскиот совет во случајот „Ровер“.

Обвинетите во случајот „Ровер“повторно треба да дадат завршни зборови пред судот, откако Апелациониот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во 2001 година.

05.11.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега