ФОТО: Лопатите во кабинетот на Јанакиески дел од камен-темелниците на новите автопати

 

Урамените лопати кои беа забележани во кабинетот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за време на средбата со милионитата патничка на аеродромот „Александар Велики“, привлекоа доста внимание кај медиумите и на социјалните мрежи.

Новинарот и водител Јанко Илковски, преку пост на својот Фејсбук профил го објаснува значењето на двете лопати во стаклени витрини од министерскиот кабинет.

-Ова е слика од средбата меѓу дамата која беше милионити патник на скопскиот аеродром Александар Велики и по тој повод беше гостин кај министерот за Транспорт и Врски - Миле Јанакиевски. Интересно е што во позадина има нешто што е невообичаено и досега не сум видел Тоа се три врамени лопати (две се гледаат) од поставувањето на камен темелниците од трите автопатишта кои Македонија ги гради. Лопатите се потполно автентични и се со цемент на нив. Kако и да е неодоливо ми измами насмевка, пишува Илковски, додавајќи дека има уште една, која не се гледа од овој агол.  

05.11.2014 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега