Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека на ден 06.11.2014 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат: во време од 06.30 до 07.30 часот, корисниците од населбите Синѓелиќ, Маџари и Ченто. (опш. Гази Баба), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Петар Манџуков, Бутелска, Никола Канински, Марко Крале, Пребондова и Мостарска. ( општина Бутел ), во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, ( општина Сарај ), и корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 185, како и корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, и Џумајска од број 23 до број 50. (опш. Карпош), во време од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од село Долна Арнакија. ( општина Сарај ), во време од 13.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улица Руди Чајавец, од број 11 до број 25. ( општина Аеродром ).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа