Јанќосек: Размислуваме за отворање на нова компанија во Македонија

 

Компанијата „Гленмон Глобал Солушн“ размислува да отвори свое претставништво во Македонија и да вработи неколку инжинери. Ова на бизнис форумот во Чикаго каде владината делегација ги презентира можностите за инвестирање во Македонија го потвридиле преставници од компанијата.

- Една од најзначајните работи се даноците. Даноците во Македонија се многу ниски. Тоа покажува дека Владата е пријателски настроена кон бизнис заедницата, а тоа е многу важно за секоја компанија која што сака да инвестира надвор од границите. Многу е значајно таму кадешто сакаат да ивестираат да има добра бизнис клима и Владата да има добра политика за отворање на бизниси. Владата во Македонија го докажа тоа и не само во последните неколку години, туку ова е политика која континуирано се спроведува од 2006-2008 година привлекување на ивеститори, воспоставување добар однос и регионална економска соработка, посочи Дејвид Јанќосек од компанијата „Гленмон глобал солушн “.

Тој истакна дека е задоволен што имал прилика непосредно од премиерот Груевски да се запознае со тоа како Македонија реинвестира и гради за доброто на државата, за обезбедување нула проценти данок за реинвестирана добивка, како и за можноста за давање под закуп земјиште под поволни услови за период до 99 години.

- Многу сум задоволен од можностите за отпочнување бизнис во Македонија и затоа го користиме овој форум за соработка и контакти за да инвестираме во Македонија во инженерството кое ни е неопходно во САД. Наместо да носиме инженери тука ние сакаме да вработиме инженери и веројатно да отвориме бизнис во Македонија, додаде Јанќосек.

05.11.2014 - 17:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега