ГП Богородица, бензиските и казината утре 3 часа без вода и струја

 

Населеното место Богородица, објектите кои гравитираат према граничниот премин, како и граничниот премин „Богородица“ утре во времето од 9 до 12 часот ќе останат без струја и вода за пиење со која се снабдуваат од регионалниот водовод „Гевгелија“.

Од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија информираа дека поради редовни проверки на трафостаниците, три часа без струја и без вода поради прекин на работата на пумпите од бунарското подрачје „Вардар“ ќе останат казината „Принцес“, „Сенатор“ и „Фламинго“ конзервната фабрика „Пајдаков“, бензинските пумпи „Лук оил“, „Макпетрол“ и „Шимов“, како и населените места Богородица,Стојаково и Селемлија.

05.11.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега