Иван поседува неверојатни моќи- Со поглед лекува болни, жените ги забременува мистериозно

 

Иван Грбавац од Хрватска таканаречен Брацо ја освојува Америка! Брацо е познат по своите моќи, односно по тоа што може да ве излечи само со погледот. Тој гарантира дека по неговата кратка терапија, ќе ве излечи од сите здраствени тегоби. Сеансата се состои од тоа да стоите на повисоко место, и да гледате кон земјата.

Една сеанса се плаќа по осум долари од сесија.
Во последните неколку дена, голема толпа била забележана на сеансите во Ричмонд Вирџинија. Неговата терапија многумина не сакале да ја пропуштат.

„Неговата аура е толку посебна. Ме потсетува на Исус“, се само некои од коментарите за него.

Во своите дваесети години Иван открил дека поседува „посебен дар“ и по разговорот со еден духовен исцелител од Србија, тој се одлучил својата моќ да ја користи за да им помогне на луѓето.

Велат дека прави сe – од отстранување на тумори до растурање љубовни маѓии, и тоа без да каже збор или некого да допре, жени дури тврдат дека откако со години немале деца од погледот од Брацо останале бремени и родиле здрави дечиња.

06.11.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега