Како да имате совршен секс?- совети од порно актерка

Често слушаме различни совети за тоа како да го подобрите сексот, но никако не можете да доживеете оргазам бучно и силно како во порно филм. Исто така, без пракса никогаш нема да успеете да дознаете што е најдобро за вас и вашиот партнер, дури и да ги прочитате најдобрите книги за помош на светот.

Порно-актерката Таша Рејн одлучила да сподели неколку совети за тоа како паровите повторно да имаат страст во кревет. Секако, животот не е порно филм, но колку и да се претерани филмовите за возрасни, можете да искористите по некој трик.

ОРГАЗАМ

Во порно филмовите најчесто прво оргазам доживува машкото, па потоа жената, ако тоа воопшто се случи. Без оглед на сè, Таша вели дека првата работа до подобар секс е грижата жената прва да доживее оргазам. И тоа задолжително! Мажи имајте во предвид, ова сепак е совет од прва рака!

БАКНУВАЊЕ

Кога ќе го спореди тоа со порно филмовите, Таша вели дека во секој филм сцената почнува со бакнување. Тоа сигурно има свои причини, па страственото бакнување би требало да стане составен дел од секоја предигра.

ИГРАЊЕ УЛОГИ

Како порно актерка, Таша признава дека во секој филм игра поразлична улога и дека сфатила дека играњето улоги само по себе може да биде силен афродизијак. Откријте ја вашата омилена улога.

ИЗДРЖЛИВОСТ

Никој не бара сексот да трае колку фудбалски натпревар, но издржливоста би можела да биде клучот за подобар секс. За тоа е потребна пракса, но сигурно пракса која ќе ви се допадне.

САМОДОВЕРБА

Без грижа, не мора да изгледате како манекенка, а вашиот партнер како Рајан Гослинг за да уживате во сексот. Но, важно е да се чувствувате како најубав/а маж/жена на светот, затоа што – вие тоа и сте! Најважна е вашата самодоверба.

ГЛЕДАЈТЕ ПОРНО ФИЛМОВИ

Очигледен совет на една порно актерка, зарем не? Сепак, Таша советува да дознаете што најмногу ве возбудува и да се обидете тоа да го воведете во вашиот сексуален живот, малку истражувајте и не заборавајте: со вежбање се стигнува до совршенство!

Извор: Точка

06.11.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега