Добрите односи се само претстава за публиката- откриени сите тајни на ТЛЗП

Српските медиуми објави дека не е се така сјајно во шоуто „Твоето лице звучи познато“. Тие откриваат дека кога ќе се исклучат камерите односно на пробите воопшто не владее тимски дух и дека суетата, зависноста и озборувањата се неизоставен дел од пробите, а совршениот медиумски однос, смеата, песните и игрите се само претстава за публиката.

На пример, на пејачката Неда Украден и пречат многу работи. Секогаш има замерки на костимот, шмината, доцнењето, иако на сцената плени со харизма и насмевка.

-Најгласна е Неда. Покрај тоа што е најголема ѕвезда меѓу учесниците, сака тоа постојано и да и го кажуваат. Тешко се помирува со годините, па често ги критикува помладите колешки. На една и дава замерки за пеењето, на друга за костимот, трета за имитацијата. Најостра е кон Катарина Богичевиќ, која во една пригода ја прашала: Мала што ќе ти е сето ова? Имаш само 16 години. Си се прашала ли како луѓето те гледаат? Не е ова за тебе“, раскажал еден од вработените во шоуто додавајќи дека Неда не е единствената која негативно ја коментира младата црногорска пејачка.

-Поголемиот број учесници Кача ја доживуваат како најголема конкуренција. Гледачите се наклонети кон неа, а и жирито. Секогаш ги добива најголемите критики, пред се на сметка на гласовните можности. Иако шоуто е од хуманитарен карактер, сите сакаат да бидат први и се свесни дека Катарина е најблиску до победата. Сите се плашат од неа“, раскажува изворот кој е секојдневно со учесниците.

Покрај Катарина, на тапет е и Елена Ристеска. Српските медиуми пишуваат вака: Македонката има статус на вистинска ѕвезда. Продуцентите и го финансираат превозот на пробите и настапите.

Снимивме шест епизоди, а гледачите видоа само четири. Сите ја пофалија Елена дека одлично ја имитирала Џенифер Лопез, а Неда како и секогаш имаше посебен коментар: Подобро јас да ја имитирав Џеј Ло, а не постојано да сум маж.

Таа би сакала секогаш да е секси на сцената. Единствено Бане Мојичевиќ е скромен, никогаш не доцни и е посветен на пробите. Тој добро се забавува и воопшто не се оптеретува со победа, вели изворот.

Кеба е највредниот. Вежба деноноќно за на сцената да е поуверлив. Со него на пробите доаѓа и син му Игор, кој често им смета на вработените.

06.11.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега