Намирници кои може да ги користите откако ќе истече рокот на траење

Секој од нас обрнува внимание на рокот на траење на намирниците кои ги користи. Но, дел од нив не му штетат на организмот дури и кога ќе помине нивниот рок. Тој не секогаш е показател на квалитетот на храната.

Јајца
Ако се чуваат во ладилник, нивниот рок на траење може да трае од 3-5 недели. Секогаш земајте од ладилникот само онолку колку ви требаат, бидејќи чувањето на собна температура може да ги расипе.

Млеко
Може да се пие и е здраво за употреба и до една недела по истекот на рокот на траење. Кога е расипано, млекото го менува мирисот, изгледот и вкусот.

Кечап
Ако кечапот го чувате во ладилник, тој може да го задржи својот квалитет и до 6 месеци. Тој и после рокот на траење е безбеден за користење, а кога е расипан, го менува мирисот.

Маслиново масло
Маслиновото масло трае и до две години, а за да ги задржи неговите хранливи состојки се препорачува да се чува на ладно и темно место, каде нема да се расипе.

Кисели краставички
Отворената тегла кисели краставички има рок на траење и до една година, ако се чува во ладилник. Истото важи и за маслинките.

Оцет
Оцетот речиси и нема рок на траење. Дури и кога има промени во бојата или се појави талог, безбеден е за користење.

Мед
Не ги губи своите својства со текот на времето и може да се користи додека не се потроши.

Кафе
Може да го користите и 3-5 месеци после означениот рок на траење. Зрната кафе не ги губат својствата ниту после половина година.

Зачини
Зачините како цимет, бибер, црвена пиперка ги задржуваат својствата и 2 години по истекот на назначениот рок на траење. Притоа е важно да ги чувате во стаклен сад, на ладно и суво место.

Извор: Илајк

06.11.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега