Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ безрезервно поддржува зголемување на социјалната помош
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и ќе ги поддржи измените на Предлог законот за социјална заштита, кои се наоѓаат во собраниска процедура односно денес беа разгледани на комисиската расправа во матичното работно тело во Собранието на Република Македонија.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Благица Ласовска, пратеник во Собранието на Република
Една од најкрупната и најзначајната измена во овој Предлог закон е зголемувањето на социјалната и постојаната парична помош за 5%. Со ова најавено зголемување кое што веќе е во собраниска процедура, а ние како пратеници од Пратеничката група безрезевно ќе го поддржиме, се зголемува висината на социјалната и постојана парична помош за 5% на околу 35 000 корисници на социјална парична помош и на околу 5 800 корисници на постојана парична помош.
Измените на Предлог законот за социјална заштита се предвидува да стапи во сила односно исплатата на зголемувањето од 5% на овие права, ќе стартува во месец јули 2015 година.
Со овие предложени измени и дополнувања веруваме дека ќе се подобри социјалната сигурност на корисниците на социјална и постојана парична помош.
Оваа мерка претставува дел од ветените покачувања на социјалната и постојаната парична помош за 5% во наредните три години, со кои се обврзавме во нашата изборна програма со која излеговме на последните парламентарни избори.
Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, досега неколкукратно беше зголемувана социјалната и постојаната парична помош. Во 2006 година, социјалната парична помош изнесуваше 2 900 денари, додека денес таа изнесува 4 266 денари, што претставува зголемување за 47,10%. Исто така, во 2006 година износот на постојаната парична помош беше 3 695 денари, а денес тој износ е 5 392 денари односно зголемување за 45,93%.
Спроведувањето на политиките за посебна заштита на материјално загрозените граѓани, продолжуваат и понатаму и затоа во оваа насока се предлага дополнително зголемување на висината на социјалната парична помош и постојаната парична помош за 5% кое ќе отпочне да се реализира во месец јули 2015 година.
Владата на Република Македонија заедно со Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, активно се залага преку спроведување на голем број на мерки, активности и политики од оваа сфера.
За спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на живот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита, досега беа воведени низа мерки како што се, трајното ослободување од плаќање на радиодифузна такса, бесплатно изготвување на елаборати на дивоградбите во кои живеат, отписот на долговите кои ги имаат граѓаните од социјално ранливите категории, надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование, посета од медицински лица кои вршат здравствена нега во домашни услови на лица од ранливите категории и уште многу други мерки кои го олеснуваат животот на лицата од оваа категорија на граѓани.
Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го дадеме својот глас за зголемување на социјалната и постојатана парична помош, со што помагаме и работиме за интересите на граѓаните од овие социјално ранливи категории.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа