Зголемување на свесноста за стипендирање на Роми

 

Програмата за стипендирање на Ромскиот образовен фонд денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе одржи свеченост чија цел е да им се даде јавно признание на Ромите стипендисти за нивниот академски успех и да се зголеми свесноста за програмата за стипендирање.

На настанот, што втор пат се одржува во Македонија, ќе присуствуваат 110 стипендисти – студенти, претставници на Фондот од Будимпешта, Унгарија, на меѓународни институции и на домашни невладини организации.

Ќе се одржат и две работилници чии теми се „Ромскиот идентитет – дилеми и следни чекори“ и „Пазарот на труд: знаењето како интеграциска алатка“.

Ромскиот образовен фонд/Програмата за стипендирање доделува стипендии за студенти Роми на додипломски, последипломски и докторски студии кои студираат во државни и акредитирани универзитети во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија, Русија, Словачка, Турција и Украина.

07.11.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега