Со оваа жена би сакале да ве изневерува вашиот сопруг
Доколку мажот ве изневерува, подобро нека биде со оваа жена. 26 годишната Рајли јавно признава дека е добро платена „спонзоруша“ која во замена за скапи подароци и пари им прави друштво на многу мажи од кои поголемиот дел се во брак.
Она што ја прави „прифатлива“ за жените на тие мажи е нејзиното правило дека нема секс и нема соблекување на облеката.
Во популарното шоу на докторот Фил Макгро таа ја изнесе својата теорија за тоа зошто мажите толку сакаат да бидат со неа.
„Тие бараат се што нивната жена не може да им даде повеќе. Кога ќе стапите во брак, по некое време, се губи она што било на почетокот. Држење за раце, меѓусебно слушање, зборување за многу работи. Ако жената ви се здебели, ако престане да се шминка, почне да облекува широка облека, ќе го загубите интересот за неа. Јас ги усреќувам, па тие одат задоволни кај својата жена и подобро се однесуваат со неа, бидејќи се добро расположени објаснува 26 годишната Рајли
„Некои му бараат секс, но јас им објаснувам како стојат работите. Ако прифатат да немаме секс во ред, ако не, можат да си заминат“ - вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа