Пуштени во продажба билетите за затворањето на проектот "Македонско девојче"

Успешниот проект Македонско девојче заедно со Каролина  го очекува и својот завршен дел кој ќе се случи на 13ти Демекври во арената Борис Трајковски.

Цената на билетите изнесува од 600 денари а пак ВИП партер и ВИП трибина со цена од 800 денари.Сите оние кои ќе сакаат да уживаат на оваа завршница билетите ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе- Веро 2, Камарад, специјалното продажно место во Скопје Сити Мол и онлајн наwww.kupikartizase.com.

Со секоја купена влезница следува подарок ДВД од антологиските концерти во Македонската опера и балет.

Специјално за ова случување арената Борис Трајковски ќе биде комплетно во седечка формација.

10.11.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега